.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Усвоена сообраќајна студија за режимот на сообраќај во централното градско подрачје

Усвоена сообраќајна студија за режимот на сообраќај во централното градско подрачје

       

Советот на Општина Битола на денешната онлајн седница донесе одлука, со која се усвои  сообраќајната студија и идеjниот сообраќаен проект со динамичка микроскопска симулација и организирање на режим на сообраќај во централно градско подрачје на град Битола.

Со оваа студија се предвидува зголемување на површините за пешаци и велосипедисти, што ќе се реализира со изготвување на проектна документација, согласно законската регулатива.

Со новата студија во Централното градско јадро на  Битола, како заштитено културно наследство, приоритет ќе  имаат пешаците и велосипедистите.

Студијата дава генерални насоки на понатамошниот режим на сообраќајот во иднина. Како основа за нејзина изработка, земени се, претходни плански документации: сообраќајна студија од 2011, ГУП, детални урбанистички планови и законските прописи.

          Студијата е конципирана врз основа на извршена споредба на предвидените плански решенија и моменталната состојба на сообраќајот и содржи мерливи податоци за сегашното одвивање на сообраќајот во градот, сега и во иднина.

Податоците треба континуирано да се ажурираат и да се постапува со конкретни мерки. Во процесот на изработка на студијата извршена е виртуелна симулација со софтверот VISSIM, при што идејните решенија, се проверени во виртуелниот модел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*