Home / Uncategorized / Утре лидерска средба

Утре лидерска средба

Многу опции се разгледуваа, една од опциите може да биде крај на процесот, со комплетно решение кое никогаш повеќе нема да отвора вакви проблематики помеѓу две соседни држави како Република Македонија и Република Грција, изјави претседателот на Владата Зоран Заев денеска на трибината „Млади МКЕУ- можности без граници“, во Струга.

Премиерот Заев најави дека за утре во 13 часот свикал лидерска средба во Клубот на пратениците, за да ги информира лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни.

-Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста – рече Заев.

 Тој појасни дека министерот за надворешни работи Никола Димитров веќе ги контактира сите поканети на средбата, изразувајќи уверување дека сите ќе бидат присутни на средбата, оттаму што станува збор за премногу важно прашање за да се откаже разговор на темата.

Заев истакна дека на вечерашната закажана средба со партиските лидери не е планирано да се разговара за прашањето околу името, појаснувајќи дека и процесот „Жан Моне“ е посветен на мошне важно прашање, така што целосно ќе биде посветена токму на тој процес.

Премиерот не сакаше да коментира каков е неговиот став како граѓанин, а не како премиер, по однос на можниот предлог што се објавува по медиумите, апелирајќи на трпение за да се даде шанса да успее преговарачкиот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*