Don't Miss
Home / Uncategorized / Утре започнува новата учебна година

Утре започнува новата учебна година

Утре започнува новата 2014/2015 учебна година. Вкупно 280.000 ученици од основните и средните училишта во земјава денеска се на последниот ден од летниот распуст.
Годинава учебната година започнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници заради појавата на епидемија на жолтица во неколку општини.
Стравувајќи од ширење на заразата со стартот на учебната година, здравствените власти издадоа вонредни препораки за хигиенските услови во кои треба да се одвива наставата. Препорачаа учениците да ја почнуваат наставата со задолжително миење на рацете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*