Don't Miss
Home / Политика / Утревечер голем собир во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ

Утревечер голем собир во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ

Вчера  на прес- конференција во општинскиот Комитет на ВМРО -ДПМНЕ претседателот Борче Димитровски истакна дека историјата на Македонија и се повторува. Тој ги повика граѓаните на Битола да им се придружат на големиот собир  во Скопје што ќе го организира ВМРО- ДПМНЕ, утре  во понеделник во 20 часот.

-Историјата се повторува“.  Како и во минатото така и во поновата македонска историја,   секогаш кога нашата земја, Република Македонија, била под закана врз безбедноста на нејзините граѓани, под закана врз нашата државност и слобода, секогаш ВМРО е опцијата која непоколебливо и истрајно застанала пред  таквите сценарија.  И денес, додека опозицијата сака насилно и безумно да ја втурне нашата земја во амбис, и безбедносен и политички, и да го доведе во прашање постоењето на македонската држава, токму ВМРО ДПМНЕ е опцијата која ги обединува македонските граѓани и вели НЕ на ваквото сценарио. НЕ на сценарио за растурање. Не на сценарио за разединување. Не на сценарио за рушење. Битолчани нема да дозволат филмот што ќе го гледаме  во недела да биде со трагичен крај. Република Македонија нема тоа да го дозволи.
Напротив, во понеделник, на 18-ти мај во 20 часот ќе излеземе на улиците во Скопје, сите, заедно, обединети, непоколебливи во намерата да покажеме пред нас но и пред светот, колку сме и што сакаме за Македонија. Сакаме мир и напредок.
Сакаме Македонија да ја водат луѓе кои ја имаат поддршката од народот а не од некоја странска служба- посочи на прес-конференција, лидерот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*