Don't Miss
Home / Uncategorized / Утврдени носителите на листи во 6-те изборни единици

Утврдени носителите на листи во 6-те изборни единици

На вечерашната седница на Централниот комитете беа утврдени лисите на кандидати за пратеници на следните предвремени парламентари избори.

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со многу нови лица на кандидатските листи за пратеници кои ќе ги предводат носители кои за прв пат ќе ја имаат предводничката палка на овие избори..

Двајца од носителите за прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат натпартиски кадри. Тоа се професорката од Правниот Факултет Гордана Силјановска Давкова и светски познатиот уметник оперскиот пејач Игор Дурловски, кој ќе биде носител на листата во “петката“

Силјановска ќе ја предводи првата изборна единица, додека Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица.

Во третата изборна единица ќе настапи генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во втората изборна единица листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, додека во 6тата единица ќе настапи за прва членот на Извршниот Комитет гостиварчанката Дафина Стојановска која е доктор по професија.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде шпицен кандидат, мандатар за состав на новата влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*