Home / Македонија / В.Британија:Мали се шансите Британецот да починал од еболa

В.Британија:Мали се шансите Британецот да починал од еболa

Мали се шансите починатиот британски државјанин во Македонија да имал ебола, сметаат британските здравствени власти.
-Институтот за јавно здравје на Британија е информиран за смртта на британски државјанин во Македонија со некои симптоми слични на ебола. Разбравме дека нема голема веројатноста причина за смртта да е ебола, но продолжуваме да работиме со нашите партнери за да го истражуваме овој случај”, вели д-р Брајан МекКлоски од овој Институт.
Британскиот Форин офис и натаму ги проверува информациите дали починатиот британски државјанин и неговиот пријател со кој патувале заедно, претходно биле во некоја африканска земја. Поради информациите дека веројатно не биле, се испитува и можноста тој да се заразил со опасниот вирус на британско тло.
Сепак, уште пред да заврши оваа проверка, британските власти издадоа предупредување за своите граѓани кои сакаат да патуваат во Македонија да внимаваат, затоа што во земјава е регистриран случај на сомнителен заболен од ебола.
-Се прават тестови за да се утврди причината за смртта. Како и да е, според нашите информации, веројатно причината не е ебола. Македонската влада јасно стави на знаење дека ги имплементираат препораките на Светската здравствена организација за заштита од високоризични болести”, стои во препораката за патување за британските државјани.

Извор:  faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*