.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / В четврток се решава судбината на РК Пелистер

В четврток се решава судбината на РК Пелистер

По соопштението на градоначалничката Наташа Петровска дека до неа не била доставена документација за финансиското работење на РК Пелистер, дознаваме дека денеска таа ја добила документацијата по што Советот за в четврток закажал одржување на вонредна седница на која ќе се расправа за купо-продажбата на Пелистер.

Јавоста засега останува неинформирана за тоа каква е книгодвоствената состојба која досега не беше достапна до јавноста и што содржеше таа.

Воедно се поставува прашањето зошто толку месеци се чекаше да се добие таквата документација и како е можно без да се има целосен увид за финасиската состојба на РК Пелистер ( долгови побарувања ) воопшто да се водат преговори за купо-продажба на Пелистер.

Одговор на сите овие отворени прашања најверјатно ќе с едобијат в четврток на вонредната седница која е закажана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*