Home / Колумни / “Вашата земја”

“Вашата земја”

Иако во последно време секое преименување на нашата држава, Република Македонија, не само кај мене, туку верувам и кај најголемиот број граѓани на државата, предизвикува не само револт и разигнираност, туку и фрустрации, сепак деновиве, кога евроамбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, на Пелистер, настојувајќи по секоја цена да не  го спомне името на државата Република Македонија, не нарекуваше “ Вашата земја “ некако не само што не му се лутев на Жбогар, туку ми идеше убаво на душата.

Жбогар кога даваше изјави за медиумите за доделувањето на грантот за Национаниот парк Пелистер, за разлика од другите, кои го негираат постоењето на Република Македонија, ословојувајќи ја државата со името “ Вашата земја” на одреден начин призна дека ова е наша земја.

Евроамбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар кој на ваков, или инаков начин е вклучен во решавањето на спорот со Грција околу името, за разлика од нашите јужни соседи се обидуваат да ни најдат некое друго име со географска одредница, без да чека согласност од никој, па ни од Ципрас, или посредникот  Нимиц, па ни  од премиерот Зоран Заев, не преименува во “ Вашата земја”.

Во ова име, кое иако нема географска одредница е вградена целата симболика во негирањето и преименувањето на името на нашата држава, Република Македонија.

Во  името “ Вашата земја “ барем на одреден начин се признава дека оваа земја е наша.

Во изминатиоот период многу наши непријатели и окупатори се обидувале да ја присвојат оваа наша држава, сметајки ја своја.

Република Македонија била земја која многу ја посакувале, или присвојувале.

Таа цели 5 векови била дел од Отоманската империја, која не избирала ни начини, ни средства, не само да ја присвои Република Македонија, туку на секој начин да го потурчи народот кој живеел на овие простори, но не успеал.

Македонија и Македонците опстанале и останеле на овие простори и по пет вековното ропство.       Подоцна таа станала цел на соседните држави Србија ,Бугарија и Грција, кои на секој начин настојувале да ја посвојат и присвојат. Но и тие не успеале во тоа.

Македонија и пред Букурешкиот и по Букурешкиот договор остана тоа што е: Македонија, држава во која најголемиот број жители се Македонци, но и држава која  е татковина и за сите оние( Турци, Албанци, Власи, Грци, Срби, Роми) кои ја чуствуваат за своја.

Не само во далечното, туку и во блиското минато многумина не ја чуствувале оваа наша држава за наша, туку за своја.

Сеуште се свежи сеќавањата кога екс југословенските државници: Туџман, Милошевиќ, Кучан, Изетбеговиќ, Булатовиќ, бараа решение за југословенската криза кога во Охрид новинарите го прашаа Милошевиќ во која земја се ноаѓа, тој го избегна одговорот, несакајќи притоа да признае дека гостува во Република Македонија, а не сакајќи притоа да каже тоа што го мисли дека е во Вардарска Бановина.

Токму заради тоа и фактот што многумина наши соседни, или европски политичари, настојувајќи по секоја цеа да го игнорираат постоењето на Република Македонија се обидуваат  дури и да не и го спомнат ни нејзиното име, не ме налути, туку ме релаксира тоа што Самуел Жбогар на Пелистер не ословуваше “ Вашата земја”.

Со преименувањето на Република Македонија во “ Вашата земја “ Жбогар  кој без срам и перде, нашата држава, Република Македонија, ја нарекуваше цело време “ Вашата земја” барем призна дека ова е наша држава, која многумина европски демократи се обдуваат не само да ја негираат, туку и да ја преименуваат,

Жбогар кој треба во оваа наша земја да ни ги наметне  европските стандарди на живеење и европските вредности  со неколкукратното повторување на “ Вашата земја “кога ја ословуваше нашата земја,  само потврди дека тоа не беше негов гаф, туку вообичаен начин на ословување на Република Македонија, кога се обраќа на јавноста.

За да не ги навреди Грците, Самуел Жбогар постојано ни се обраќа со “ Вашата земја “, а не со Република Македонија.

Кога овој спор околу нашето име дојде до таков апсурд и кога европските и светските дипломати, цели 25 години  настојуваат да ни најдат ново име, мислам дека не би било лошо, во натамошните преговори со Коѕијас, или Ципрас, Димитров и Заев да му предложат на Нимиц, Република Македонија да се преименува во “ Вашата земја”.

Во тој слуај барем ќе знаеме дека оваа е наша земја.

А дека таа е наша впрочем деновиве на Пелистер призна и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој со полна уста не ословуваше како “ Вашата земја”.

Со преименувањето во “ Вашата земја “ Македонија на најдобар начин ќе покаже  не само коперативност кон Грција и Брисел, туку и дека нема иредентистички аспирации спрема соседна Грција.

Притоа можеме да го смениме дури и Уставот и во него дословно да вметниме амандман во кој ќе стои дека Република Македонија е наша земја.

Но иако мислам дека ова би било компромисно име сепак не верувам дека Грција би се согласила и со тоа, бидејќи таа одамна не мисли дека оваа земја е наша.

Таа и натаму смета дека Македонија е  Грчка и нивно наследство кое само ним им припаѓа и на никој друг, иако само до 1990 годиниа тие воопшто не ја ни  споменуваа Македонија во Грција, дури ни како географски поим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!