Home / Интервјуа / Васко Ковачевски: Битола никој повеќе нема да ја уништува и понижува

Васко Ковачевски: Битола никој повеќе нема да ја уништува и понижува

Битолски весник: На почетокот на интервјуто, како ја доживеавте блескавата победа на локалните избори и дали искрено очекувавте ваков изборен резултат во Македонија со акцент на Битола?

Васко Ковачевски: Оваа победа на СДСМ во Македонија и во нашата Битола, беше навистина блескава, но и очекувана. За првпат по толку изборни циклуси имавме избори во кои граѓаните слободно го искажаа своето мислење, имавме кристално чисти демократски и кредибилни избори, на кои ослободените граѓани од притисоците и заканите за првпат дадоа глас за кандидатите и програмите на партиите и коалициите за кои искрено веруваа дека ќе донесат подобро утре. Битола ја имаше најголемата победа во цела Македонија, 31.733 битолчани ни ја дадоа поддршката. Граѓаните покажаа дека не сакаат градот да ни го водат криминалци, туку луѓе домакини, чесни луѓе, кои ќе го вратат сјајот на конзулска Битола.

Б.В: Што е тоа што одлучи во толкав број да придобиете битолчани да гласаат за Наташа Петровска, како и советничката листа на СДСМ и коалицијата?

В.К: Како што кажав, битолчани многу време беа понижувани, газени и уценувани. Долг период врз нашата општина беше водена деструктивна политика, како од централната, а уште повеке од локалната власт. Битолчани покажаа дека им е доста од уназадување и уништување на градот. Наташа Петровска беше избрана скоро едногласно, тоа за неа претставува чест, и уште поголема одговорност во водењето на Битола во наредните 4 години. Советничката листа составена од истакнати членови на нашата партија, домакини луѓе, еднакво застапени и жените, повозрасните и младите, е победничката листа на овие избори поради нивната искрена желба да направат подобро денес и утре на нивните сограѓани.

 

Интервјуто читајте го во печатеното издание на Битолски весник

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*