Home / Политика / Васко Ковачевски, пратеник на СДСМ: Нова хаварија во РЕК “Битола“

Васко Ковачевски, пратеник на СДСМ: Нова хаварија во РЕК “Битола“

Во РЕК “ Битола “ се случи нова хаварија и ситуацијата  во Комбинатот е алармнатна предупреди  на денешната прес- конферцнија локалниот лидер на СДСМ и пратеник  во оставка Васко Ковачевски.

-Повторно не работи еден од трите блокови, “Блок 1“, којшто беше во прекин цели 100 дена.

Блокот работеше само една недела, од 11 до 18 јануари.

 
-Ситуацијата со рударско-енергетскиот комбинат е крајно алармантна. Поради постојан дефект на некој од блоковите, РЕК “Битола“, столбот на енергетскиот систем во Македонија, не може да работи со полн капацитет. Поради ова штети трпи државата којашто е принудена да увезува скапа струја, но и граѓаните врз чиј грб паѓаат постојаните поправки на блоковите, иако стотици милиони евра народни пари отидоа во нивна реконструкција! Овојпат, “Блок 1“  има проблеми со турбината. Според информациите што ги имаме, за само за 15-тина минути истекле повеќе од 30 тони турбинско масло што завршило во кулата за ладење. Ова е и еколошка катастрофа, по континуираната енергетската криза што ја предизвикува нестабилното работење на комбинатот. Само во изминатите 20-тина дена, има пет испади и пуштања во повторна работа на блоковите, обвини Ковачевски и додаде:

 
-Дали ова е резултат на неквалитетен ремонт на блоковите, нестручност на партиските раководите кадри или намера за намалено домашно производство за сметка на скапиот увоз на струја?
Бараме од ова прашање да не бегаат раководството на РЕК, раководството на ЕЛЕМ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ посебно што поради проблематичното функционирање на комбинатот се доведуваат во ризик и животите на вработените. Според наши информации, власта и раководството на ЕЛЕМ се вознемирени од информациите што допираат до јавноста за сериозните дефекти на Комбинатот, поради што во РЕК “Битола” бил направен полициски увид, а неколкумина вработени биле повикани и на распит, истакна пратеникот Васко Ковачевски на денешната прес- конференција.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!