Don't Miss
Home / Спорт / Вечното дерби наместо на “Филип Втори” во Ѓорче

Вечното дерби наместо на “Филип Втори” во Ѓорче

Дерби натпреварот помеѓу екипите на Пелистер и Вардар кој е закажан за в недела наместо на фудбалската арена “Филип Втори” ќе се игра на стадионот на екипата на Македонија ЃП во општина Ѓорче Петров во Скопје.

Ваквата одлука ја донесе Јавното претријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а причината за промената на местото на одигрување на вечното дерби во македонскиот фудбал, е тоа што нашиот најголем стадион се реновира пред дуелот на македонската репрезентација против Луксембург, на 9 октомври.

Поради тоа, Вардар не добил дозвола да игра на овој терен од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, па мораше да бара алтернативно решение. Со оглед на тоа дека стадионот во Ѓорче Петров в недела веќе е зафатен поради дуелот меѓу Металург и Работнички,“вардарци“ мораа својот натпревар да го поместат еден ден порано.

Вечното фудбалско дерби меѓу најголемите македонски ривали, Вардар и Пелистер, сепак ќе се одигра в сабота од 15:00 часот на стадионот во населбата Ѓорче Петров.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*