Home / Вести / Владата ќе исплати 800.000 евра за обештетување на земјоделците во Битолско

Владата ќе исплати 800.000 евра за обештетување на земјоделците во Битолско

                            

-Владата  ќе исплати околу  800.000 евра обесштетување на индивидуални земјоделци од Битола и битолско, чии посеви беа погодени од град и поплава во јули и август годинава.

          Ова денеска го соопшти координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски.

       Според Илиевски Комисијата за проценка на штети од природни непогоди ја заврши својата работа, советниците дадоа поддршка за извештаите, а Владата во најскоро време треба да ги исплати средствата на сметките на оштетените.

          Инаку за невремето проследено со град во јули, Комисијата разгледа и прифати 171 барање на исто толку зејмиделци, направи увид на лице место на 681 парцела и определи отштета во вкупна вредност од 44.651.605 денари. Со овие средства ќе бидат обештетени земјоделци во Кукуречани, Крклино, Карамани, Бистрица, Трново, Долно Оризари, Црнобуки, Горно Оризари, Крстоар, Брод, Жабени и Могила.

За градот и поплавата, пак, од август, Комисијата прифати барања за обесштетување на 14 земјоделци, изврши увид на 16 парцели и бара од Владата исплата на 4.088.000 отштета. Погодените стопанства се во Битола, Жабени, Оптичари и    Логоварди.  Или вкупно…Владата ќе ја надомести штетата од градот и поплавите на 185 земјоделци од Битола и битолско во вкупен износ од 48.739.605 денари, односно речиси 800.000 евра, изјави Илиевски на денешната прес конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*