Home / Вести / Владата го врати полицискиот час

Владата го врати полицискиот час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување на полициски час.

Со тоа, се воведува полициски час од четврток (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така, информира дека од четврток, 4 јуни, од 21 часот, до понеделник, 8 јуни, до 5 часот наутро се забранува посета на гробишта на цела територија на државата освен за погреби.

Аптеките ќе работат непречено за време на полицискиот час.

Остануваат да важат забраните за движење кои биле издадени претходно, а остануваат исти и термините за шетање миленичиња, од 8 до 8:30, 15 до 15 и 20 до 20:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*