Don't Miss
Home / Градска хроника / Владимир Талески: Мораме да детектираме кои се загадувачите во Битола

Владимир Талески: Мораме да детектираме кои се загадувачите во Битола

Во врска со иницијативата на Инцијативниот одбор за чист воздух во Битола, кој во меѓувреме прерасна во Здружение на граѓани, градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески на денешниот брифинг со новинарите изјави:

– Иако Општината и пред појавата на Иницијативниот одбор имаше активности околу загадувањето на градот, јас ги поддржувам активностите на Иницијативниот одбор, но овој проблем нема да се реши само ако се набават две или повеќе мерни станици. Ние треба да утврдиме од каде доаѓа загадувањето на Битола. За да успееме во тоа, треба да се утврди хемискиот состав на честичките што го загадуваат воздухот. На тој начин ќе можеме да преземеме конкретни чекори за спречување на загадувањето во Битола. Јас мислам дека нема битолчанец кој што не е за чист воздух во градот. Затоа сите треба да се обединиме околу оваа активност и во рамките на своите надлежности да направиме се, ако не да го спречиме, тогаш барем да го намалиме загадувањето на Битола- посочи првиот човек на Битола, д-р Владимир Талески.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*