Home / Uncategorized / Влез во НАТО, но без продажба на името и идентитетот

Влез во НАТО, но без продажба на името и идентитетот

Во врска со најновите активности за брзо зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на прес конференција изјави:

-Република Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ веднаш и без одложување, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Влатко Ѓорчев, член на ИК на партијата на прес-конференција денеска посочи дека Република Македонија одамна ги исполни критериумите за членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и оти тоа е наша и партиска, и државна цел.

– Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, а со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011-та година, се потврди дека Грција ги прекршила времената спогодба, ставајќи вето на влезот на Република Македонија во НАТО – посочи Ѓорчев и додаде дека доколку процесот не беше непринципиелно и неправедно блокиран од страна на нашиот сосед Грција, ние ќе бевме рамноправен партнер во НАТО, бидејќи покажавме и капацитет и волја.

Истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите напори на своите меѓународни пријатели да им ја објасни дека неправдата и е нанесена на Република Македонија, рече дека очекуваат дека и Зоран Заев и неговата Влада ќе го исполнат ветувањето кое што им го дадоа на граѓаните на Република Македонија за брз влез во НАТО и брз влез во ЕУ, притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се прават договори на штета на македонскиот народ и македонската држава.

– Новиот министер за надворешни работи Никола Димитров не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани. Членство во евро-атлантските структури и одбрана на македонскиот идентитетот. Со секоја изјава за релевантни меѓународни медиуми која што остава простор за различно толкување, само се креираат забуни и вознемиреност меѓу граѓаните на Република Македонија – рече Ѓорчев.

Според него одговорноста е огромна бидејќи, јавноста е веќе сведок дека Грција продолжува со истата реторика.

– Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера повтори дека нема отстапување од црвените линии на Грција, односно дека нема простор за надеж дека членството на Република Македонија во НАТО ќе се случи додека не се реши проблемот кој што Грција го има со нашето име – рече Ѓорчев.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*