Home / Uncategorized / ВМРО-ДПМНЕ Битола: Се оградуваме од однесувањето на поединец за време на прославата на победата

ВМРО-ДПМНЕ Битола: Се оградуваме од однесувањето на поединец за време на прославата на победата

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не поддржувало и нема да поддржи деструктивно и навредливо однесување кон политичките противници. Тоа не е начинот на кој што партијата делува на политичката сцена, реагираат денес од битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Противникот мора да се почитува без разлика какви средства употребувал тој во политичката борба. ВМРО-ДПМНЕ се оградува и го осудува начинот на кој што поединец се однесувал за време на прославата на победата, навредувајќи ги поразените.

ВМРО-ДПМНЕ победите ги слави достоинствено и со почит кон противникот, стои во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*