Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ и сврте грб на ТВНова.Телевизијата пред затворање?!

ВМРО ДПМНЕ и сврте грб на ТВНова.Телевизијата пред затворање?!

За време на вториот круг од локалните избори ВМРО-ДПМНЕ најмногу пари издвоила за рекламирање на телевизиите. Некогаш најрекламираната партија од над 50.000 евра колку што партијата потрошила за рекламирање на телевизиите, ТВ Алфа добила 26.039 евра. ТВ Нова во вториот круг од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ добиле само 24.000 денари, или 402 евра.

Во прилог на ова одат тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ се пренасочува кон ТВ Алфа, телевизија која до пред извесно време едвај опстојуваше. Се поприсутни се шпекулациите дека во следниот период  од ВМРО ДПМНЕ се повеќе ќе се вложува во ТВ Алфа,  а не на сметката на ТВ Нова на која и се заканува затворање.

Телевизијата на бизнисменот Сеад Кочан деновиве се наоѓа во лоша финансиска состојба. Вработените три месеци не добиле плата, постојано им доцнеше и претходно, а голем дел веќе си заминале од редакцијата.  Како што кажуваат вработени од таму, доведена е во прашање програмата затоа што поголемиот број ја бојкотираат работата поради неисплатени плати.

„Им беше даден рок на управителите дека вработените нема да се појавуваат на работа доколку не ги исплатат платите. Бидејќи не дадоа ни денеска плата, дел од новинарите си земаа боледување, а дел дадоа оставки. Здравственото не ни е платено со месеци. Кочан овие денови  ни зборуваше да се стрпиме, дека странец ќе влезел во телевизија со 50 отсто удел, дека ќе имало пари за плати и за бензин за колите, ама ние не можеме да се стрпиме бидејќи цело време не лажат“, вели вработен во ТВ Нова кој сака да остане анонимен.

Телевизијата беше една од најпросперитетните во македонското медиумско поднебје, со инвестиција која ветува и со високи плати кои го зголемија просекот во новинарите. Уште од почеток отворено ги поддржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ, затоа не е јасно зошто го изгуби покровителството на оваа партија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*