Home / Uncategorized / ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на Советот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на Советот во Битола

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината Битола денеска ја напуштија седницата на Советот, во знак на протест од односот на актуелната власт кон притворените лица за настаните од 27 април, како и во знак на поддршка за сопратијците што се притворени.
Пред да почне седницата координаторот на советничката група Борче Димитровски со своите сопартијци излезе пред говорницата и го развеа македонското знаме, по што си заминаа од Советот на општината.

Ваквиот потег мнозинството на Советот го оцени како популистички и злоуботреба на седницата на Советот во партиски цели.

По нивното напуштање седницата продолжи и експресно заврши со донесување на одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за градоначалник на општината Битола на локалните избори во октомври 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*