Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно душегрижништво на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно душегрижништво на СДСМ

По повод прес-конференцијата на советникот на СДСМ,  Горан Козаров, со реакција се јавија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата, меѓудругото, се вели:

-Сведоци сме на континуирани режирани пресови од страна на опозицијата, која се инспирира и во секој проект наоѓа тема за прес и  начин за собирање на политички поени. Меѓутоа битолската јавност и граѓаните на Битола многу добро знаат која е опозицијата и која е како партија СДСМ. Граѓаните на Битола не заборавиле какви им беа деновите и годините за време на нивната власт.

Почитувани опозиционери, колку и душегрижништво да покажувате преку вашите пресови не се забораваат толку лесно резултатите од вашето работење:  200.000 отпуштени работници,  684 затворени фабрики и рекордна невработеност од 38 отсто .

По затворањето на битолските фабрики  “Фринко“, “Кожара“, “Свиларница“, “Жито Битола“, “Битолатекс“, “Лимената“  и многу други, тешко може да се каже дека битолчани може да имаат доверба во вас, а посебно во некоја ваша програма која и не ја нудите.

Вашата безидејност останува непроменета. Се променил само начинот на нејзината ма-нифестација. Вашата грижа за Битола е веќе видена,  со ТАТ ја завивте Битола во црно, многу семејства оставивте на работ на егзистенција, битолската економија ја ставивте на колена.                  Денес се обидувате да ја залажете јавноста со лажни душегрижништва.

Доволно беше, можете сега да  се обидувате да искажувате грижа,  но тоа нема да го промени фактот дека подобар живот за граѓаните се постигнува само со работа, резултати, проекти, она што ВМРО-ДПМНЕ веќе го прави години наназад, а тоа граѓаните веќе добро го знаат, итакна на прес- конференцијата на ВМРО-ДП-МНЕ, Валентина Маркоска, портпарол на партијата.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*