Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ најмногу фрла за реклами

ВМРО ДПМНЕ најмногу фрла за реклами

Првите десет дена од кампањата најскапо ја чинела ВМРО- ДПМНЕ, која за промоција во медиумите до сега потрошила 23.000 евра. Најмногу во телевизиите Сител и Нова, додека, рекламирањето на порталите Курир и Република, партијата ја чинело безмалку 4.000 евра. Како најголеми донатори се јавуваат кандидатите за градоначалници Ивица Коневски, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Владо Мисајловски и Јохан Тарчуловски и тоа со суми од 500 до 1000 евра, покажа финансискиот извештај на Државната изборна комисија. Поранешната владејачка партија од членарина собрала околу 488.000 евра, додека од 207 донатори добила околу 47.000 евра.

СДСМ од членарина собрал околу 211.000 евра, додека од 76 донатори добил 36.000 евра, меѓу кои се издвојува сумата на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски – односно околу 2,5 илјади евра, а има донации од физички лица кои доспеваат дури до 3000 евра. За реклами, власта до сега навела дека потрошила околу 17 илјади евра, од кои 12 ипол илјади во телевизија Алсат- М.

ДУИ до ДИК ги пријавила само приходите од членарина, кои изнесуваат 6.500 евра, додека Беса во својот извештај навела дека шест лица донирале вкупно 5.800 евра, а од членарина собрале 13.300 евра. Алијанса за Албанците од донации собрала 19.200 евра.

Освен првичниот извештај, втор отчет партиите ќе треба да дадат и до 14 октомври, а конечен финансиски извештај ќе треба да поднесат 30 дена по

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!