Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа маските на советниците од опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа маските на советниците од опозицијата

-Вчера, народните избраници од СДСМ и нивната коалиција конечно самите го потврдија тоа што ние цело време го укажувавме: – дека им е гајле за луѓето што ги гласале,- дека нивната наводна грижа за решавање на проблемите е неискрена и водена од лични политички мотиви и  дека во Советот се само за да се сликаат и кога нема камери да си одат. Како поинаку да се сфати инсистирањето на опозицијата во Советот вчера да направат реприза како на телевизиско шоу и уште еднаш да ги повторат, нивните советнички прашања до градоначалникот од декември, кои се влезени и во записник токму така со опширни елаборации, повторувања и многу конфузија, заради што претходната седница за донесување на Буџетот траеше речиси до полноќ- реагираше денеска на прес- конференција, Благој Шаклевски – советник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и продолжи:
-Згора на се’, се откажаа и од можноста на која претходно самите инсистираа – да постават нови прашања за актуелните проблеми во образованието, за штрајкот на СОНК, поради кој наставниот процес во некои училишта и законското право на учениците да одржуваат настава се нарушени и за што и ние исто така како претставници на граѓаните, но и како родители имавме прашања и сме загижени. Но наместо тоа , советниците од СДСМ и коалицијата, вчера попладне видоа дека нема камери и без трошка одговорност ја напуштија седницата.Ваквиот начин на однесување на опозицијата во Советот е крајно непочитување на нашето време, на времето на градоначалникот кој одложи обврски за да им ги одговори прашањата и во краен случај непочитување на сопствените функции доверени од граѓаните – да го пренесат нивниот глас во Советот.
Веќе не можат да негираат дека нивната прва и основна цел е да поставуваат прашања , по можност пред што повеќе камери, а за одговорите воопшто и не им е гајле.
И нивните и нашите гласачи ги заслужуваат одговорите на сите прашања.
Вака излегува дека за нив е неважно како се трошат парите од Буџетот, колку чини Битфест, колкава е задолженоста на Општината, што ќе правиме со долговите на училиштата, со инфраструктурата во касарната, со офицерскиот дом, фонтаната… со чистиот воздух – теми за кои парадоксално, самите велат дека се итни, дека не’ засегаат сите и дека не трпат ни ден одложување.
Напуштањето на седницата е нивно законско и демократско право, ама прашањето е – колку е етичко?!
А кога сме кај етиката. Ние не бараме да се извинат за нашето време, времето на градоначалникот и на луѓето од општинската администрација кои се ангажираа да ги обезбедат податоците за одговор на нивните прашања, но човечки е да им се извинат на граѓаните или барем на претставниците на здружението „ За нас се работи “ кои како граѓани вчера присуствува на седницата на Советот, во надеж дека ќе ги чујат одговорите на прашањата за состојбата со чистиот воздух за кој опозицијата во изминатиот период покажуваше посебна загриженост и укажуваше на итноста.
Ама ете, да ти немало ни загриженост, ни итност, ни желба за решавање на проблемите, освен – голата желба за власт и за снимање пред камери- истакна на денешната средба со новинарите, советникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Благој Шаклевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*