.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / ВМРО ДПМНЕ се распадна на 10 пратенички групи

ВМРО ДПМНЕ се распадна на 10 пратенички групи

Ден по формирањето на десет пратенички групи на ВМРО, Собранието денеска нема да ја продолжи седницата на чиј дневен ред како втора точка е разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Иако беше закажана, спикерот Талат Џафери ја откажа седницата, за да ја ја најави во понедлник, во 11 часот.

Кога Зврлевски ќе дојде на дневен ред никој не може да предвиди. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги расцепка пратениците во 10 пратенички групи со што доби во време и можност во недоглед да се одоговлекуваат дискусиите во Собранието. Според Деловникот, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути.

Координатори на пратеничките групи се: Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.

Од ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор за точката на дневен ред каде треба да се дискутира околу давање дозвола на Народниот правобранител Иџет Мемети можност сам да вработува, неврзан со законите за јавна и државната администрација.

Ако се земе во обзир дека секој од пријавените пратеници има право и на реплики и процедурални забелешки гласањето за разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлечи и да се случи во текот идната недела.

Формирањето на 10 пратенички групи е класична блокада на собранието, обвинуваат од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев на прес конференција рече дека парламентарното мнозинство ќе ги преземе сите деловнички мерки со цел да се спречи ваквото однесување и најави промена на деловникот.

Досега ниту една пратеничка група или коалиција немала толкав број пратенички групи. Во 2006 та СДСМ имаше 6 пратенички групи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*