Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ се ситни

ВМРО ДПМНЕ се ситни

Иако засега нема официјална потврда сепак очигледно е дека пред престојните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ се ситни.

Најпрво екс амбасадорот на Македонија во Анкара Турција, Горан Тасковски најави своја независна листа,а независна листа најавија и Петар Котевски од Битола, носител на независна листа кандидати за пратеници во син на советникот на екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, Трајко Котевски.

На оваа независна листа се наоѓе и портпаролот на ВМРО ДПМНЕ и екс советик во Советот, Благог Шаклевски.

На прес-конференција во Битола, Котевски изјави дека очекува до петок, 6 март, до 24 часот, да ги собере потребните 1.000 потписи во процедура организирана согласно закон и во простории определени од Државната изборна комисија.

– Ние не сме политичари, а јас како дипломиран електроинженер и кандидатите за пратеници ќе се бориме против неправилностите во државата и посебно во судството. Ние ќе се залагаме за македонските национални интереси и сметам дека никому не пречиме без разлика што на социјалните медиуми ја напаѓаат нашата кандидатска листа со независни пратеници меѓу кои се истакнати јавни личности како што се Благој Шаклевски, Фанче Димитровска, лекари и други лица од градовите во ИЕ5. Сакаме да дадеме глас на Македонецот чии интереси не се доволно застапени во институциите, истакна Котевски на прес-конференција во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*