.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Во Битола два нови позитивни

Во Битола два нови позитивни

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени 29 нови случаи на КОВИД-19.

Најмногу (девет) се во Скопје, шест во Прилеп, пет во Тетово, по двајца во Струга, Велес, Битола и Охрид и еден дијагностициран во Куманово. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал шест оздравени пациенти – тројца во Велес и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.

Со новите 29 потврдени случаи, вкупниот број дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 1723, оздравени пациенти се 1235, а бројот на починати е 95. Активни случаи во моментов има 393.

Направените 349 теста се преку: Институтот за јавно здравје (211), Ветеринарен факултет (27), Авицена (17), Биотек (34), Филип Втори – Жан Митрев (33), Систина со ПСР-метод (10) и МАНУ (17). Досега во земјава се направени вкупно 20 088 тестирања на КОВИД-19.

Министерството информира за бројот на дијагностицирани и активни по градови:

Скопје – 588, активни 138 Куманово – 411, активни 47 Дебар – 51, активни 0 Штип-35, активни 1 Прилеп –190, активни 62 Тетово – 126, активни 63 Струга – 69, активни 6 Велес – 111, активни 49 Битола –25, активни 6 Охрид –17, активни 2 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –19, активни 3 Гевгелија – 4, активни 0 Струмица – 2, активни 0 Крива Паланка- 6, активни 2 Радовиш – 4, активни 0 Крушево – 3, активни 0 Кочани – 31, активни 4 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 2, активни 0 Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0 Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 1 Делчево-1, активни 0 Валандово -1, активни 1 Виница – 2, активни 0 Кратово-2, активни 2 Берово-1, активни 1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*