Home / Култура / Во Битола ќе се одржат детските музички фестивали “Тра-ла-ла кидс” и “Тра-ла-ла“

Во Битола ќе се одржат детските музички фестивали “Тра-ла-ла кидс” и “Тра-ла-ла“

Битола на 27 и 28 ноември ќе биде домаќин на детските музички фестивали “Тра-ла-ла кидс” и “Тра-ла-ла Битола” на кој ќе  учествуваат 29 млади музички таленти од целата држава.

Двата фестивали се во организација на Здружението за аудио визуелна уметност “БТ Фест”.

tralala 1

Во рамките на фестивалот “Тра- ла-ла кидс” на 27 ноември ќе се одржат два концерти со почеток во 10 и во 12 часот во големата сала на Центарот за култура во Битола каде со тринаесет музички нумери ќе настапат талентирани деца на возраст од 5 до осум години.
На 28 ноември, исто така во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи фестивалот “Тра-ла-ла Битола” каде на два концерти со почеток во 10 и во 12 часот ќе настапат деца на возраст од 9 до 13 години.

tralala 2

Двата фестивали се во организација на Здружението за аудио визуелна уметност “БТ Фест”.

-Фестивалот “Тра- ла-ла ” годинава одбележува 15 годишно успешно постоење на музичката сцена. Воедно, фестивалот е успешен промотор на Македонија и македонската култура ширум светот бидејќи досега фестивалот “Тра- ла-ла” е претставник на Република Македонија на голем број меѓународни фестивали и арт-манифестации, каде се освоени голем број награди, и тоа на “Еуростарс” во Малта, “Орошке звездице” во Словенија, “Док тече Лашва” во Босна и Херцеговина, “Златна рибка” во Бугарија, “Сан Ремо –јуниор” и “Сан Ремо” во Италија, “Славјански Базар” во Белорусија, “Златни микрофон” во Хрватска, “Орфеј” во Венеција, “Златни дани” во Србија, “Шанс” во Данска, “Ти амо” во Романија, “Катјуша” во Русија, “Бледски микрофон” во Словенија, “Најсветла звезда” во Турција, “Кукуричек” во Хрватска и други фестивали и детски манифестации ширум светот- изјави на денешната прес-конференција, директорот на Фестивалот, Тони Алексовски.

tralala 3

За најдобрите учесници на двата фестивали се предвидени прва, втора и трета награда, како и специјална награда од директорот на фестивалот Тони Алексовски.

Наградите ќе бидат доделени на голем  концерт на 28 ноември во големата сала на Центарот за култура во Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*