Home / Вести / Се распаѓа управната зграда на Маврово

Се распаѓа управната зграда на Маврово

        Некогаш една од најрепрезентативните и најубави  управни згради  во Битола, на градежното претпријатие Маврово,буквално се распаѓа.

        Навистина жална и  грда   е сликата која ја забележавме со нашиот објектив на управната зграда Маврово.

        Откорнати врати, искршени прозорци, парчиња од искршени стакла на сите страни, уништен канцелариски мебел, руинирани и ограбени канцеларии, расфрлани шприцеви…

        Ова е сликата во која сега се наоѓа управната зграда на Маврово, откако оваа некогаш реномирана градежна фирма замина во стечај.

        Таа со својот сегашен изглед не само што го нагрдува изгледот на  Битола, туку претставува и опасност за граѓаните на Битола, бидејки во неа според зборовите на соседите постојано во ноќните часови се собираат бескуќници и уживатели на наркотици.

        И покрај тоа што Маврово  е приватна компанија која се наоѓа во стечај, сепак инспекциските органи на Битола мора да преземат  мерки и да го принудат стечајниот управник, кој го води стечајот на Маврово, да ја заштити од натамошно пропаѓање  управната зграда, со што ќе ги  заштити и граѓаните кои живеат во тој дел  на Битола, каде во близина има и основно училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*