Home / Вести / Во Македонија вратени над 3000 македонски граѓани

Во Македонија вратени над 3000 македонски граѓани

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, досега (14 април) во организација на МНР е направена репатријација на 3.032 наши државјани.

Од нив, 2022 се репатрирани од 13 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Франција, Шведска, Данска, Холандија и Италија) на летовите од 15 градови: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, Базел, Лондон, Брисел, Париз, Стокхолм, Копенхаген, Ајндховен и Венеција), а 214 граѓани со 4 хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Турција.
– На 573 наши државјани им помогнавме со насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Со регулирана постапка, пак, во комуникација со српските органи, самостојни дозволи во посредство на МНР беа издадени на 149 македонски граѓани за да ги преминат српските граници за да се вратат во земјата – велат од министерството.

Со ова се исполнети барањата на граѓаните за враќање во земјата во контекст на чартер-летовите, но предвидени се и дополнителни хуманитарни конвои. Од Министерството велат дека во соработка со надлежните власти на другите држави, ќе продолжат и со помагање при индвидиуални дозволи за транзитирање таму каде што условите тоа го дозволуваат.

– Во духот на солидарноста и добрата соработка како со земјите од регионот, така и со земјите членки на ЕУ и НАТО, но и пошироко, овозможивме репатријација и на повеќе од 759 странски државјани кои од Скопје се враќаат во своите земји, меѓу кои: Австрија, Велика Британија, Германија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др. На тој принцип, во соработка со други земји и нивните министерства за надворешни работи, им беше помогнато и на 74 наши државјани да се вратат дома од земјите од Централна и Јужна Америка, Полска, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емирати – додаваат од министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!