.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Во Македонија да се воведе полициски час предлага Комисијата за заразни болести

Во Македонија да се воведе полициски час предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести предложила до Владата сет мерки за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу кои и полициски час од  21 до 6 часот.

Според информациите, ќе биде дозволено да се оди само во болница, луѓето што имаат потреба од дијализа, потреба од итна помош, ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица. Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат медицинска документација дека биле на лекар.

И директорите на ЈЗО да имаат лимитирано движење само со документ.

Исто така комисијата предлага да се ограничи број на дежурни аптеки. Такси компаниите да имаат ограничен број возила за дежурства. Се забранува движење на јавни возила од 21 до 6 часот.
Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.

Министерството за здравство информираше дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85 заразени.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби  е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*