Home / Македонија / Во престрелката во Арачиново, повредени три лица

Во престрелката во Арачиново, повредени три лица

Пукотници после 17 часот се случија во скопско Арачиново. По полицискиот увид, според официјалните информации, станува збор за пукање од огнено оружје при кое биле повредени три лица, од кои една е жена.
Според локалните жители на престрелката и претходела вербална расправија пред еден маркет. Неофицијално, станува збор за пукање од автомобил во жената и нејзините два сина.
Поради увид, блокирана е улицата на влезот од селото.Тројцата повредени веднаш се пренесени на скопските клиники.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*