Home / Економија / Во тек е жетвата на јачменот и пченицата низ Македонија

Во тек е жетвата на јачменот и пченицата низ Македонија

Почна жетвата на житните култури низ Македонија.

Илија Србиновски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Битола вели дека жетвата се одвива непречено и според планираната динамика.

-Задоволни сме од досегашните приноси бидејќи тие се движат од 3 до 4 тона по хектар во зависност од локацијата на површините. Утре официјално почнува и жетвата на пченицата и ќе се жнее на повисоките, ридни површини како што се атарот на селата Кременица, Живојно и Бач“ – вели Србиновски.

Во битолскиот дел на Пелагонија ожнеани се 2.500 хектари под јачмен, а тоа е половина од годинешните посеви.

Жетвата на житните култури во кочанско е во полн ек.

-Жетвата на јачменот кој е застапен на површина од 230 ха е реализирана со 80 проценти при што се добиени приноси во рамки на очекувањата од 4.000 до 4500 килограми по хектар. Ова е мошне добра година за јачменот кој одлично роди – изјави Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Тој објаснува дека жетвата на пченицата е веке започната и од насеаните 520 ха се ожнеани 20%. Приносите се движат од 5.000 до 6.000 килограми од хектар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*