Home / Македонија / Вонредна состојба во Источна Македонија

Вонредна состојба во Источна Македонија

Вонредна состојба во источна Македонија, објави пред малку, тв алфа.

Поради обилните врнежи од дожд во текот на вчерашната ноќ, како и големиот доток на вода во браната Калиманци значително е зголемен водостојот на река Брегалница.

Поплавени се неколку населени места во општина Чешиново-Облешево, а поплави има и во Кочани.

Се очекува водениот удар да биде најголем во Штип, со што би се поплавиле неколку населби во градот и надвор од него.
Градоначалникот Илчо Захариев упати апел до сите граѓани кои живеат во населбите 8-ми Ноември, Ново село и во селото Чардаклија да се дислоцираат од своите домови, поради нивна безбедност.  Во меѓувреме од објектот на физикалната терапија кој се наоѓа на само неколку метри од Брегалница се дислоцирани дваесет неподвижни пациенти.
Вистинска мобилизација на населението во штипско Ново село. Од рано утринава заедно со армијата и вработените од јавните претпријатија месното население полни вреќи со песок. Се поставуваат насипи околу куќите кои се во близина на реката. Државниот кризен штаб со кој раководи министерот за транспорт Миле Јанакиески пред еден час одржа вонредна седница во Штип, а во градот пристигна и премиерот Никола Груевски.
Извор: alfa.mк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*