Home / Вести / Вработените на ЗК Пелагонија на нов протест

Вработените на ЗК Пелагонија на нов протест

            Вработените во ЗК Пелагонија денеска рано изутрина наместо на своите работни места се собраа пред Управната  зграда каде протестираа поради неисплатените плати.

            На протестот околу 200 работници  побараа средба со раководството на Комбинатот.

            Тие се пожалија дека немаат добиено две плати.

Откако остварија средба со сопственикот на Комбинатот, Цветан Панделевски,  тие ги почнаа преговорите.

            Според сопственикот на ЗК Пелагонија, Цветан  Панделевски причината за ваквата состојба е што наводно државата не му ги имала платено субвенциите за оваа и минатата година. Но притоа тој ветил дека до среда ќе им исплати една плата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!