Home / Uncategorized / Врачени решенијата за градоначалник и членови на Советот на општина Битола

Врачени решенијата за градоначалник и членови на Советот на општина Битола

Општинската изборна комисија од Битола им ги врачи уверенијата на новата градоначалничка Наташа Петровска и членовите на новиот состав на Советот на општината.

– Локалните избори за градоначалник и членови на Советот на општина Битола се завршени. Роковите за поднесување приговор исто така се завршени, а воедно немаше нити еден приговор на изборниот резултат. Општинската изборна комисија-Битола констатира дека објавените резултати се конечни и затоа организиравме свеченост на која ги врачивме уверенијата на избраниот градоначалник и избраните членови на Советот на општина Битола, истакна Зоран Насев, претседател на ОИК – Битола на денешната свеченост.

Новата градоначалничка на Битола најави дека општината ќе биде транспаретна и отворена за сите граѓани.

– Граѓаните со право го очекуваат нашето одговорно работење и затоа на сите избрани членови на општинскиот Совет им посакувам успешна работа и соработка. Во мојот мандат општината ќе биде транспарентна и отворена за сите, рече Петровска.

Освен новоизбраната градоначалничка на Битола, на свеченоста присуствуваа и 17-те советници од СДСМ и Коалицијата, двајца советника од независната листа „Поинаку“ и еден советник од коалицијата на ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците.

Единаесетте советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не присуствуваа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*