Home / Uncategorized / Врие во ТВ Нова и ТВ Мега

Врие во ТВ Нова и ТВ Мега

Врие во ТВ Нова.Телевизијата им должи 3 плати на вработените, па доколку не се регулира овој проблем, според дел од новинарите и вработените, се доведува во прашање понатамошното функционирање на телевизијата.

 Инаку, овој медиум е во сопственост на градежната компанија Трансмет, која, пак, е во сопственост на семејството Кочан. Еден од браќата Кочан – Сеад Кочан, е првоосомничен и обвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство под кодно име Труст.

Според СЈО, Кочан ја злоупотребил службената положба во 2012 година, кога како управител на Трансмет со лажни документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Откако се случи тоа, тој излезе од сопственоста на Трансмет, која е на чекор да добие уште еден тендер од ЕЛЕМ за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола, откако понуди за екстремно ниска цена во споредба со досега.

Неговата сопруга, Асмира Кочан, беше управителка на телевизијата Нова, но неодамна и таа ја напушти оваа функција во телевизијата.

Лошата финансиска состојба во ТВ Нова се одразува и во ТВ Мега, Битола, од каде некои новинари веке ја напуштија телЕЛЕМевизијата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*