Don't Miss
Home / Градска хроника / За 269 ученици започна учебната година во општина Новаци

За 269 ученици започна учебната година во општина Новаци

За 27 првачиња односно за 269 ученици  денеска започна школската година во ЦОУ „Славко Лумбарковски” во општина Новаци.

Градоначалникот Лазар Котевски заедно со директорот на училиштето Васко Ристески денеска ги дочекаа и им посакаа топло добредојде и успешен старт на учебната 2016/2017 година.

Како што е редот за плодна и успешна учебна  година,  градоначалникот на сите ученици од прво до петто одделение им подари книга.

Годинава стартуваат вкупно 269 ученици од прво до деветто одделение кои својот наставне процес ќе го следат во централното училиште во Новаци и 8-те подрачни училишта.

Во Новаци и Бач наставата се одвива од прво до деветто одделение додека во останатите 6 подрачни до петто одделение.

-Ме радува фактот што годинава имаме 27 првачиња од кои 10 во Новаци а останатите во другите подрачни училишта. На ниво на општината  бројката на ученици во ЦОУ Славко Лумбарковски се зголеми за 20 -тина нови ученици во однос на лани. Наставата ќе се одвива во 8 подрачни училишта . Се е во ред , нема никакви финансиски  или друг вид на проблеми,преземени се сите мерки кои се потребни за непречено одвивање на наставниот процес- рече градоначалникот Котевски.

Образовниот процес во Центарот за ран детски развој во Новаци, каде се згрижени околу 20-тина дечиња на претшколска возраст ќе започне од понеделник.

Наставата привремено ќе се одвива во просториите на Културниот центар во Новаци заради изградба на градинката и нејзино проширување.

Новата учебна година ќе ја почнат околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци.

Според последните податоци од Министерството за образование и наука, запишани се 21.250 првачиња, но овој број не е конечен зашто уписите во прво одделение траат и во текот на септември.
Инаку, во минатата 2015/2016 година беа запишани 21.844 првачиња, а претходната 2014/2015 имало 21.463.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*