.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / За изградба на кружен тек настрадаа дрвата кај Ветеринарната станица

За изградба на кружен тек настрадаа дрвата кај Ветеринарната станица

                  

Денеска  рано утрината со асистенција на полицијата, екипите на ЈП “ Комуналец” ги исекоа најголемиот број од дрвјата и другото зеленило кај Ветеринарната станица.

        Сечењето на дрвјата кај Ветеринарната станица, каде треба да се  гради кружниот тек предизвика гнев и револт кај битолчани, особено  кај луѓето кои живеат на тој дел од градот.

-Јавното претпријатие “Комуналец”,  започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска” со улица „Баталјон Стив Наумов”. Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја. Во следната фаза работните активности, на просторот кај Ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообракај за што јавноста навремено ќе биде известена, велат од Општина Битола.

 Во врска со сечењето на дрвјата реагираа и од независната  листа на Поинаку.

         -Нашиот став останува ист како и пред 6 години, ниедно дрво, ниту пак зелена површина не смее да биде уништена на сметка на било каков проект.

Итно ни е потребно зголемување на зелените површини, а не сечење или уништување на веке постоечките, ни изјави претседателката на Советот на Битола,  Габриела Илиевска.

        На сечењето на дрвјата жестоко реагираа од СДСМ. Во нивата реакција се вели:

        -Секој поминат ден со ДПМНЕ на власт и Коњановски како градоначалник, е на штета на Битола и битолчани.  Денес жртва на самоволието на Општината се дрвјата кај поранешната Ветеринарна станица. Коњановски, со полициска асистенција и заштита сечи дрвја! Од што се плашат градоначалникот и ДПМНЕ, од своите сограѓани? Ако се толку убедени дека ја прават вистинската работа, зошто масакрот на зеленилото го направија во раните утрински часови, со заштита на полициски службеници? Коњановски и ДПМНЕ се одлепени од реалноста во која се наоѓа Битола. Градот тони во долгови, а тие наместо да се зафатат со решавање на проблемите, на секој чекор демонстрираат сила и насилие. Рушат гаражи, рушат трафики, сечат дрвја и око не им трепнува за Битола и битолчани. Ова безумие што го практикува Коњановски не било ни во времето на Владимир Талески, се вели во реакцијата на СДСМ Битола.

        Инаку Проектот за изградба на  кружниот тек кај Ветеринарната станица во Битола, во чиј центар требаше да се постави споменикот на војводата Александар Турунџев почна да се реализира во 2015 година. Но по бурните реакции на граѓаните  екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески се откажа од такавата идеја и откако ги прекина работите најави ревизија на проектот каде требаше да се изгради кружниот тек и да се постави споменикот на Турунџев.

         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*