Home / Uncategorized / За лекарска грешка болницата ќе плати 50.000 евра!?

За лекарска грешка болницата ќе плати 50.000 евра!?

Пациент, чиј идентитет му е познат на редакцијата на порталот на Битолски весник по неколку години тужење дознаваме дека го доби(л) судскиот спор против Клиничката болница во Битола за направената лекарска грешка.
По пресудата на Врховниот суд, според извори на порталот на Битолски весник пациентот, на кој за време на операцијата му била направена лекарската грешка во Битола за претрпената душевна болка и трошоците во постапката ќе наплати над 3 милиони денари, или нешто повеќе од 50.000 евра.

Дури неколку години беа потребни пациентот да докаже дека за време на операцијата во Клиничката болница во Битола тој бил погрешно лекуван и за малку го избегнал најстрашното.

Лекарската грешка била утврдена на Клиниките во Скопје, каде тој бил повторно опериран, по што му бил спасен животот.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*