Home / Вести / Заев и Ахмети се договорија за идната коалиција

Заев и Ахмети се договорија за идната коалиција

СДСМ и ДУИ си подадоа рака за идна влада. По три дена преговори, попладнево ги договориле начелата за она што ќе треба да ги обедини.

Мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба. По сребата на Заев и Ахмети, која се одржа пред неколку дена во собранието, разговорите со утврдување на деталите ги продолжија вторите луѓе во партиите. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби утврдиле стабилен, четиригодишен мандат, како и тоа дека Македонија нема друга алтернатива за интеграција, освен членство во НАТО, и ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*