Home / Uncategorized / Заев: Имав средба со Боки 13 во Владата

Заев: Имав средба со Боки 13 во Владата

Прашан за средба што во јули лани во Владата ја имал со осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз на која се разговарало за поддршка на план на оваа НВО за помош на ранлива категроија граѓани, Заев рече дека вратата на Владата е отворена за сите кои имаат добри идеи.

– Ние симболично ги тргнавме и оградите, буквално секој граѓанин може се прима во Владата дали лично јас, дали мојот кабинет, советниците, министрите, сите, заради тоа што дефинитивно секоја идеја сакаме да ја преточиме во реализација кога гледаме дека се работи за добри идеи. Јас се сеќавам на состанокот, секако. Состанокот беше за отворање простор за реализација на старечки домови во државата, тоа е составен дел и на Програмата и секако како и сите граѓани, така и  Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно законот. Тоа значи да се обезбеди локации во општините, регионите каде што тоа е возможно, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градби, МТСП го дава одобрението за старечки дом по  стандардите кои треба да се исполнат и на тој начин, како и за секој граѓанин, така и на оваа средба беа објаснети условите за старечки домови. Владата секојдневно прима луѓе. Не ни е првпат да излегле случаи кога тоа се злоупотребувало, но за тоа постојат истраги. Истрагите треба да ги утврдат сите докази, да ги кажат сите аргументи и секако секој што се огрешил по закон да си одговара согласно законот, изјави премиерот Зоран Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*