.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев ќе ги почитува одлуките на ДИК и на Управниот суд

Заев ќе ги почитува одлуките на ДИК и на Управниот суд

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Битола  повика и на воздржаност, додека надлежните институции не ги објават резултатите од изборите.

-На штотуку завршените избори се покажа дека народот е за промени. ВМРО-ДПМНЕ во никој случај нема да формира влада, без разлика дали ќе има 51, 50 или 49 пратенички мандати. Од споменикот на паднатите борци во Битола повикувам на воздржаност и на трпение. Да ги оставиме ДИК, и ако е потребно, и управниот суд, да кажат кој е победник на изборите, па дури потоа да почнат преговорите за новата влада, истакна Заев.

Тој откри дека е во постојана комуникација со Никола Груевски, па повика на единство се додека претседателот не го додели мандатот на новиот мандатар по изборите одржани во недела.

-Времето на Груевски зарши. Тој во никој случај нема да формира влада, а убеден сум дека и тој самиот го знае тоа. Затоа повикувам да не се палат страстите кај граѓаните, иако јавноста не знае дека јас и Груевски сме постојано во комуникација, како што бевме и за време на изборниот молк. Затоа повикувам да не се делиме повеќе и да почекаме претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за новата влада на победникот на изборите, откако надлежните институции ќе ги потврдат резултатите“, рече Заев.

Според првичните разултати од Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, а СДСМ 49, а во ДИК се разгледуваат приговорите поднесени од БЕСА и СДСМ, по кои ќе се знае конечниот резултат и дали ќе се прегласува на одредени избирачки места на кои наводно се забележани неправилности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*