Home / Политика / Заев најави победа на Наташа со 5.000 гласови разлика

Заев најави победа на Наташа со 5.000 гласови разлика

СДСМ и Коалицијата Живот за Македонија # својата изборна кампања за локалните избори ја почнаа во понеделникот од Битола.

На големиот митинг, што се одржа на преполнетиот плоштадМагнолија”, лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев, најави победа на локалните избори речиси во сите градови во Македонија, а во Битола, според Заев разликата во победата ќе биде изразена со најмалку 5.000 гласови, во корист на Наташа Петровска.

Откако искажа само пофални зборови за Наташа Петровска, Заев најави дека таа заедно со нејзиниот тим не само што ќе го вратат животот во Битола, туку во голема мера ќе придонесат младите да останат да живеат во градот каде што се родиле и учеле.

Оваа прекрасна глетка на горди битолчани, собрани вечерва тука се со една цел, силно и решително да го вратат животот во својата општина. Битола е новата слика на демократска Македонија, рече на почетокот Зоран Заев и продолжи.

Во декември заедно ја насочивме Македонија да зачекори на вистинскиот пат. Вечерва од Битола станува јасно дека на 15 октомври заедно ги заокружуваме промените што носат живот во Македонија за сите.

     

Македонија се менува. Македонија станува подобра. Нема враќање назад. Се менува благодарение на вашата силна верба дека ова парче наша убава земја може да биде достоинствено место за живење. Верувавте дека може поинаку, верувавте дека таа ваша верба денес ја движи Македонија напред. Борбата за живот ја продолжуваме вечерва од градот на конзулите, па потоа во секое село, секој град и населба во Македонија.

Денес од овде ја барам вашата поддршка да живееме каде што сме родени, каде што ни учат нашите деца, каде што работиме, во современи општини, во горда наша Република Македонија, истакна Заев и продолжи. Ја вративме слободата, ги враќаме парите кај граѓаните, го враќаме животот во Република Македонија и не запираме тука, не смееме да застанеме.

Ми беше чест да застанам рамо до рамо со вас, на браникот на слободата и правдата. По цела таа голгота промените се тука и продолжуваат. Новата влада предводена од СДСМ е одговорна и домаќинска власт,која е свртена кон потребите на граѓаните,достапна отворена и отчетна. Покажавме дека водиме нова политика, политика од збор, политика која значи, служење на граѓаните, а не владеење за нив. Ова е влада која води суштинска, а не фасадна политика.

И покрај сите опструкции и блокади, Владата во изминатите 4 месеци јасно покажа дека сме влада од збор.

Веднаш ги скусивме непродуктивните трошоци на власта и ги насочивме за потребите на граѓаните. Досега се скусени повеќе од 45 милиони евра непродуктивни трошоци за помалку од 4 месеци.

Непрвадата е исправена. Ја покачивме минималната плата на 12. 000 денари за 70. 000 работници. Ова е првиот чекор за да ги покачат сите платите, да ги отвориме спиралите да растат платите, оти народот ако има пари ќе има и економија, ќе ја биде и Македонија. Економијата се раздвижува, рече Заев.

Тој подоцна се осврна на враќањето на евтината дневна тарифа за струјата од која имаат корист сите, особено, најсиромашните граѓани. Со тоа се вратија 8 милиони евра назад кон граѓаните. Тоа е благодарение на спречување на само еден криминален тендер во РЕКБитола”.

Обезбедивме финансиска поддршка од 10.00 евра неповратни средства за младите земјоделци. Заедно со еколошките здруженија во Битола почнавме неделни состаноци со ЕЛЕМ за враќање на еколошката заштита на Битола. Почнавме со набавка на магнетните филтри и стретегијата за комплетно ставање на филтри во Битола.

Го укинавме лошото екстерно тестирање. Им дадовме здив на децата и на нивите родители. Трајно го решивме проблемот на стечајните работници , ја укинавме радиодифиузната такса, ги намалуваме трошоците за живот и овозможуваме повеќе пари да останат во сечиј семемен буџет. Воведовме програма за туристичка поддршка каде што на одмор ќе одат работниците со најниски примања.

Ја воведовме младинската гаранција, со што ќе се отворат повеќе места за младите.

Промените почнаа од Битола и заедно со вас мораме да ја заокружиме промената за да таа биде комплетна, истакна Заев.

Затоа од овде, од Битола Ве повикувам да се приклучите и заедно да ја продолжиме акцијата за живот од централно на локално ниво, во секоја урбана заедница, за секое маало, секоја средина за да живее секој дел на Република Македонија.

СДСМ и Коалицијата имаат визија и план за живот во Битола за граѓани подеднакво.

Зборувајќи за програмата на СДСМ, Заев рече дека таа се потпира на четири столба.

Прво се гради по план.Нема повеќе градењеМиле ми текна”. Градиме само по план, во договор со заедницата и за потребите на сите граѓани. Градиме квалитетно и одговорно, без импровизации, со квалитетни материјали, кои траат и издржуваат, без провизии. Работиме за чиста вода и чист воздух. Македонија се гуши од загаден воздух. Битола е најдобар пример за тоа..

Насочуваме повеќе пари кај граѓаните за повеќе можности за сите.

Ја вклучивме бизнис заедницата, ги здруживме бизнисмените, општината и граѓаните. Градиме отворена и услужна општина за сите. Ги вклучивме граѓаните во креирањето на буџетот, кои ќе се користат строго наменски, транспарентно и наменски, даваме поддршка и помош за најзагрозените семејства. Ставивме крај на децениското самоволие, на кабинетските градоначалници, работиме во договор со сите вас, во договор со граѓаните .

Осврнувајќи се за предложените кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ Заев истакна:

Иако има добри луѓе меѓу кандидатите сите се со дамката на Груевски и затоа ќе победиме со огромно мнозинство.

На 27 април ја почувствувавме  нечовечноста и кукавичлокот на Груевски. За тоа сите ќе одговараат, сите до еден. Правда во Македонија ќе има, нагласи Заев, кој завршувајќи го своето обраќање истакна дека очекува во Битола СДСМ и Коалицијата да остварат поголема победа од онаа во декември 2016 година кога победи со 3.200 гласа разлика.

Разликата меѓу Наташа и тие што ја опустошија  Битола е како ден и ноќ и затоа победата ќе биде изразена со најмалку 5.000 гласови разлика подвлече Заев.

На митингот се обратија кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска и носителот на советничката листа Валентин Груевски.

 

 

Екипа на Битолски весник

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*