Don't Miss
Home / Политика / Заев: Не барам поддршка за 63 пратенци, туку за 1,5 милион граѓани колку што живеат во Македонија

Заев: Не барам поддршка за 63 пратенци, туку за 1,5 милион граѓани колку што живеат во Македонија

Изјавувајќи дека тој за разлика од Никола Груевски не бара поддршка за 63 патеници, туку за  1.500.000 граѓани на Македонија кои останаа да живеат во државата и  за уште неколку стотини илјади граѓани кои ја напуштија Република Македонија,  лидерот на СДСМ, Зоран Заев  вечерва на митингот во Битола  изјави дека кога по 11 декември СДСМ, со своите коалициони партнери ќе дојде на власт ќе го укине екстерното тестирање во образованието, но дека ќе воведе екстерно тестирање за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Од овде,  од Битола најавувам дека кога на 11 декември ќе дојдеме на власт ќе го укинеме екстерното тестирање за учениците во образованието, но ќе воведеме екстерно тестирање за Никола Груевски, кој ќе мора да одговори на прашањата кои на овие избори му ги постави народот, истакна лидерот на СДСМ,  Зоран Заев на вечерашниот митинг во Битола, на кој присуствуваа неколку илјади битолчани.

Воодушевен  од атмосферата на плоштадот Магнолија, Зоран Заев  најави дека победата на престојните избори во Македонија ќе почне во Битола и дека Битола со своето масовно присуство вечерва  му стави печат на проектот “Вистината за Македонија” и на неговата битка за разоткривање на криминалното владеење на Владата на Груевски.

Истакнувајќи дека  му се поклонува на битолчани  кои веќе подолго време со  протестите   го кренаа својот  глас против владеењето на Никола Груевски, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека според поддршката која ја доби на митингот во Битола вредеше што тој толку се жртвува за да се врати вербата во живот и правда во Македонија.

-Режимот на Груевски ни украде 10 години од животот. Вечерва доаѓајќи пред бината една родителка ме замоли. Имам само една желба: Врати ми го детето кое ми замина во Англија. Таква желба верувам дека во Македонија имаат илјадници мајки и татковци, чии синови и ќерки заминаа во сранство од прогромот што  ни се случи во Македонија, која ја напуштија над 500.000 граѓани, рече Заев.

Немаме два животи за да експериментираме. Имаме само еден живот и затоа не смееме овојпат  да згрешиме како на претходните избори.

-Ве уверувам дека не само што по 11 декември ќе и го вратиме синот на жената која ме замоли, туку ќе ги вратиме и сите деца кои ја напуштија Македонија. Владата на  Груевски потроши 1 милјарда евра за споменици, за мртви луѓе. Ние кога ќе дојдеме на власт ќе потрошиме 1 милјарда евра за да го вратиме животот кај народот, за живи луѓе, рече Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од митингот порача дека кога по 11 декември ќе дојде до смена на власта нема да има  федерелизација на Република Македонија, како што Никола Груевски ги плаши граѓаните на државата,   туку ќе има конфискација, на имотот на Никола Груевски и неговата фамилија.

Тој најави ревизија на работењето на РЕК “ Битола “  каде што според неговите сознанија  по “Скопје 2014“ се случи најголемиот грабеж во Република Македонија и дека сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат.

Инаку,  на митингот на СДСМ зборуваа уште Радмила Шекеринска, носител на листата во петтата изборна единица, како и двјацата кандидати за пратеници од Битола, Васко Ковачевски и Александар Кирацовски.

 

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*