Home / Вести / Заев само две минути бил удостоен од Иванов

Заев само две минути бил удостоен од Иванов

Две минути. Толку траеше средбата на претседателот Ѓорѓе Иванов со премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Димитров. Иванов го прекинал и напуштил состанокот, одбивајќи да ги чуе нивните аргументи за договорот.

Од неговиот кабинет најавија дека претседателот во текот на денот ќе и се обрати на нацијата и ќе ги соопшти своите ставови.

Владиниот кабинет, пак, испрати соопштение во кое велат дека премиерот и министерот имале конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината на договорот, но претседателот одбил да разговара со нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!