Don't Miss
Home / Политика / Заев старо- нов лидер на СДСМ

Заев старо- нов лидер на СДСМ

 

Зоран Заев  естаро нов лидер на СДСМ. Вака одлучија делегатите на 22 конгрес на партијата. Со 597 гласа „за“  Зоран Заев е реизбран за лидер на СДСМ.

-Ова е голема обврска, ќе продолжам да работам, за да докажеме дека ќе имаме подобра иднина за сите, без разлика на различностите, рече во своето обраќање лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш по реизборот.Како што се досега направивме заедно, ги отворивме прозорците кон светот, така ќе работиме и понатаму. Пред нас е долг пат. Барам од вас да продолжите да верувате и да работиме темелно. Да создадеме општество на вредности и на еднакви шанси,општество на еднакви вредности. Тоа е патот до ЕУ и НАТО. Македонија има со што да се гордее, граѓаните со пенкало срушија режим и се на чекор до нова Влада. Направивме многу, ќе направиме уште повеќе, подготвен сум на тој пат. Уште оваа вечер подгответе се на патувањето наречено живот. Да го донесеме животот во Македонија за сите“, рече во своето обраќање Зоран Заев веднаш по неговиот реизбор.

На денешниот конгрес на СДСМ по изборот на новиот лидер на партијата ќе се избира генерален секретар на партијата, потпретседатели, Централен и Надзорен одбор.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*