Home / Вести / Заев за Канал77: Моите потези отвораат перспективи

Заев за Канал77: Моите потези отвораат перспективи

Секогаш ќе бидеме страна која прави пријателски чекори кои отвораат перспективи за меѓусебните односи со соседите, вклучувајќи ја и Бугарија, но никогаш за сметка на тоа нема да ги доведеме нашите идентитет и достоинство за кои никогаш нема да се преговара, а тоа е нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик, истакна премиерот Заев во интервју за радиото Канал 77.

„Јас ги разбирам граѓаните и нивните реакции, ама лидерите се тука за да решаваат тешки прашања. Јас правам пријателски чекори кои отвораат перспективи, во нашиот случај европските перспективи и иднина“, нагласи премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев рече дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Разговараме за говорот на омраза, разговараме за патоказот за имплементацијата на Договорот меѓу двете земји. Треба да постигнеме повеќе на планот на економската соработка, да поттикнеме многу повеќе од она што до сега е постигнато, а не е малку. Имаме инвестиции од наши компании во Бугарија. Од Бугарија имаме 13 инвестиции, меѓу кои и најновите кои покажаа интерес за инвестиции во енергетиката“, рече премиерот Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*