Home / Вести / Заев:Дома сум во изолација, се чувствувам добро

Заев:Дома сум во изолација, се чувствувам добро

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев на социјалните мрежи напиша дека избегнувале контакт за време на интервјуто со новинарот за кој е потврдено дека е позитивен на новиот коронавирус.

Заев кој се наоѓа во самоизолација во Струмица, тврди дека за време на интервјуто минатата недела биле преземени сите заштитни мерки.

– Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ-интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори – напиша Заев.

Покрај Заев, интервју со истиот новинар имал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој исто така во моментов се наоѓа во самоизолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*