Home / Вести / Загина осумнаесетгодишна битолчанка

Загина осумнаесетгодишна битолчанка

Денеска на регионалниот пат Битола – Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина  осумнаесет годишната битолчанка К.Ј. а  М.К.О. која управувала со возилото  е пренесена во битолската Клиничка болница  каде лекарите се борат да и го спасат животот.

Според информациите на Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола  сообраќајката се случила претпладнево во 11:25 часот во непосредна близина на селото Тополчани кога патничко моторно возило со битолски регистарски таблици „Фиат Брава” излетало од патот.

– Во возилото биле две женски лица. Возилото било управувано од М.К.О. која по несреќата е пренесена во Битолската клиничка болница, додека нејзината сопатничка К.Ј. (18 г.) починала на местото на несреќата. Увидот на полициски служби од Полициската станица-Прилеп е во тек, а заедно со нив увид врши и јавен обвинител, потврди Миленковска.

Поради сообраќајката, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани од 11:30 часот се пренасочува по стариот пат, информира АМСМ. На правецот Битола-Прилеп, пак, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Детали за сообраќајката не се соопштени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!