Don't Miss
Home / Uncategorized / Загина тинејџерка во битолско, паднала од „скутер“

Загина тинејџерка во битолско, паднала од „скутер“

Утринава во 3 часот и 25 минути во полициската станица-Битола било пријавено дека во село Долно Српци, во близина на фудбалското игралиште била пронајдена 17-годишна девојка од истоименото село.
Седумнаесетгодишна девојка без знаци на живот утринава била пронајдена покрај моторцикл „скутер” во селото Долно Српци, Битолско.
– Утринава во 3 часот и 25 минути во полициската станица-Битола било пријавено дека во село Долно Српци, во близина на фудбалското игралиште била пронајдена 17-годишна девојка од истоименото село, која била падната покрај асвалтниот пат без знаци на живот. Во нејзина близина се наоѓал паднат моторцикл „Скутер” со битолски регистарски ознаки, соопштија од МВР.

Смртта била констатирана од екипа на итната медицинска помош, а од полицијата информираат дека се превземаат мерки за расчистување на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*