Home / Uncategorized / Замрзнат дел од имотот на осомничените во „Империја“

Замрзнат дел од имотот на осомничените во „Империја“

Кривичниот суд замрзна дел од фирмите на осомничените во случајот на Специјалното обвинителство за перење пари заведен под кодното име „Империја“. Судот информираше дека ги прифатил предлозите на СЈО да се изготват решенија со кои ќе им се наложи на банките да не вршат одлив на пари од фирмите кои се под истрага. Адвокатите на осомничените денеска до скопска единица поднеле жалби на одлуката во притвор да завршат пет лица, меѓу нив и бизнисменот Орце Камчев. На листата осомничени е и екс-директорот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*