Home / Uncategorized / Запален автомобилот на актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола

Запален автомобилот на актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола

Засега непознати лица рано изутринава, 40 минути по полноќ, го запалиле автомобилот на актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Иако,  полицијата не излегува во јавноста со името на сопственикот чиј автомобил е запален, сепак, според извори на “Битолски весник“ дознаваме дека станува збор за автомобилот марка “ауди“ на актуелниот советник на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Милошевски, инаку, екс- координатор на ВМРО-ДПМНЕ и првиот градоначалник на Битола по осамостојувањето на Македонија.

Пожарот го забележале соседи на советникот, кои веднаш пријавиле во полиција, а  на местото на пожарот пристигнала и протипожарната единица која брзо го локализирала истиот.

Од подметнатиот пожар изгорен е внатрешниот дел од возилото, оштетена е и каросеријата. Полицијата поведе истрага против лица за кои се сомнева дека го подметнале пожарот, а истрага нареди и основниот јавен обвинител.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*